„Невозможно е 33 камери да не забележат што направи Алегри!“
По мечот најмногу се зборуваше за тоа што не се поздравија Масимо Алегри и Антонио Конте, но Наполи внимание му дава на друг момент.
Се случил инцидент меѓу тренерот на Милан, Масимо Алегри и координаторот на тимот на Наполи, Габриеле Оријали. Според Наполи, Оријали бил жртва на неконтролиран вербален напад од страна на Алегри.
Наполитанците се огласија со остро соопштение во кое го осудија однесувањето на тренерот на Милан.
„Наполи остро го осудува однесувањето на тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, кој за време на полуфиналето на Суперкупот на Италија во присуство на десетина луѓе на теренот и на телевизија во живо, сериозно го навреди Габриеле Оријали со навредливи и повторувачки изрази. Се надеваме дека таков напад нема да помине незабележано, особено затоа што со 33 камери е невозможно да не се сними што се случи“, стои во соопштението на Наполи.