Слот за Салах: Делата кажуваат повеќе од зборовите!
Салах не беше повикан за мечот со Милан во Лигата на шампионите по контроверзната изјава која ја даде.
Потоа работите се смирија, Салах беше во игра на следниот меч, но го почна од клупата за резерви.
Слот не сакаше многу да зборува за Салах, но даде некаков одговор на прашањето.
„Реков и минатата недела, делата кажуваат повеќе од зборовите. Одиме понатаму, тој беше во составот и беше прва замена. Сега е на Африканскиот куп, и фер е целиот негов фокус да биде таму и не сакам со некаква изјава за Ливерпул да му правам дистракција од настапот со репрезентацијата“, рече Слот.