Навивачите на Партизан со тврди предмети удрија по – сопствените кошаркари (ВИДЕО)

Инцидентот на вчерашниот натпревар против Виртус, кога навивачи фрлаа тврди предмети кон сопствените кошаркари, повторно го стави Партизан во фокусот на европската јавност и отвори сериозни прашања за безбедноста во и околу клубот.

По тешкиот пораз, црно-белите навивачи почнаа да фрлаат со различни предмети кон сопствените играчи, а во еден момент кон Двејн Вашингтон беше фрлена и запалка, која тој успеа да ја фати, избегнувајќи повреда. Инцидентот се случи во финишот на мечот и по неговото завршување, кога незадоволството на дел од публиката ескалираше поради играта и резултатот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)

Овие настани се само последен во низата проблеми што го следат Партизан во текот на актуелната сезона. Атмосферата во клубот дополнително се вжешти во изминатите две недели, откако тренерот Жељко Обрадовиќ најави заминување од клупата. Претходно, навивачи упаднаа на еден од тренинзите со намера физички да се пресметаат со дел од кошаркарите, при што најмногу биле таргетирани странските играчи. На натпреварот против Баерн Минхен следуваа свирежи кон играчите и жестоки навреди кон управата, со посебен акцент на претседателот Остоја Мијаиловиќ, а ситуацијата дополнително се влоши кога од трибините беа фрлани и предмети.

И на дуелот со Виртус, покрај инцидентот со фрлањето предмети, дел од навивачите упатуваа навреди кон клупските функционери, меѓу кои и клупската легенда Жарко Паспаљ, додека кошаркарите повторно беа испратени со свирежи.