Дабл-дабл на Димитријевиќ за победа на Зенит против Локомотив
Кошаркарите на Зенит беа незапирливи против Локомотив и го добиja првото полувреме со 56-34, а до крајот на мечот домашниот тим успеа дополнително да го зголеми водството до +29 (98-69).
Димитријевиќ го заврши натпреварот со 12 поени и 11 скокови, додека најефикасен во победата беше Фрејзер со 25 поени.