Проблеми за Челси: Естевао се повреди и го чека пауза!

Талентираниот бразилски фудбалер Естевао нема да може да му помогне на Челси во следниот период затоа што се повредил.

Тренерот на „сините“, Енцо Мареска објасни дека Естевао не бил во конкуренција за мечот против Кардиф (3-1) затоа што Бразилецот мора да паузира.

Мареска откри дека Естевао ќе го пропушти и дербито против Њукасл во Премиер лигата, а Бразилецот најверојатно ќе се врати на теренот на 27 декември кога „сините“ ќе се соочат со Астон вила.