Беќири: Ќе бев посреќен ако постигневме уште некој гол
По натпреварот стратегот, Јетон Беќири изрази задоволство од играта, меѓутоа и потенцираше дека неговиот тим можел да слави и со поубедлива разлика.
„Фудбалерите ги извршија своите задачи до крај, но ќе бев позадоволен, ако постигневме уште некој гол. Секако, не сме квалификувани, имаме уште еден натпревар. Се надевам дека ќе одиграме на високо ниво и во Ларнака“, изјави Беќири.