Екипата на Шкендија вечерва приреди изненадување и на свој терен во Конференциската лига славеше победа од 2-0 над Слован Братислава.

Допатува Слован како фаворит на натпреварот во Скопје, но на теренот тетовци изгледаа одлично и на крајот заслужено ги освоија бодовите.

Резултатот беше отворен во 33. минута кога по еден корнер, Бајриќ лошо реагираше и си ја погоди сопствената мрежа.

Во последните моменти од првото полувреме Спахиу искористи едно одлично додавање од Вебстер и се погрижи за 2-0.

Второто полувреме не донесе преголеми возбудувања, Шкендија играше сигурно и не дозволи гостите да го загрозат голот на Гаје.

За избраниците на Јетон Беќири ова е втор триумф сезонава во Конференциската лига, првиот го запишаа во второто коло против Шелбурн исто така дома, а уште еден бод освоија во ремиот со Јагелонија (1-1). Со седум бода Шкендија е на 17-тата позција и во последното коло ја очекува најтешкиот предизвика досега, гостувањето кај АЕК Ларнака.