Рома се прошета во Глазгов и во едно полувреме го прегази Селтик! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Рома одиграа одличен натпревар и вечерва славеа победа на гости кај Селтик со 3-0.

Натпреварот италијанскиот тим го реши уште во првото полувреме когаа ги постигнаа трите погодоци. Резултатот беше отворен со автоголот на Скелс во шестата минута. Во продолжение видовме и уште некоја прилика и на двете страни, а мрежата ја затресе Фергусон во 36. минута. Во финишот од првиот дел истиот фудбалер постигна и втор погодок.

Се играа последните секунди кога Селтик имаше шанса за гол, но Енглс не реализираше најстрога казна.

Второто полувреме донесе помирна игра, Рома се повлече и сигурно ја чуваше сигурната предност. Мрежата уште по еднаш се тресеше на двете страни, меѓутоа и во двете ситуации погодоците беа поништени по реакција на ВАР.

Сигурна победа вечерва славеше и Фенербахче кој на гости го совлада Бран со 4-0. Астон вила се помачи на гости во Швајцарија, меѓутоа успеа да слави против Базел со 2-1.

ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:

Порто - Малме 2-0

Панатинаикос - Викторија Плзен 0-0

Лион - Го Хед Иглс 2-1

Фрајбуг - Салзбург 1-0

ФЦСБ - Фејенорд 4-3

Селта Виго - Болоња 1-2