Кристал палас го доби Шелбурн и дојде на чекор од осминафинале, славеше и Стразбур
Премиерлигашот ја заврши работата уште во првото полувреме кога погодуваа: Уче, Нкетиа и Пино, а во следното ќе играат Купс и тоа ќе биде уште еден натпревар во кој ќе бидат големи фаворити. Шелбурн од друга страана по пет кола има само еден бод.
Изненадување не дозволи и Стразбур кој е лидер во Конференциската лига и го доби Абердин со 1-0.
Ријека славеше победа над Целје со 3-0 со погодоците на Аду Адеи, Петровиќ и Фрук и на тој начин хрватскиот тим направи голем скок на табелата.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ:
Хамрун - Шахтјор 0-2
Купс - Лозана 0-0
Лех - Мајнц 1-1
Линколн - Сигма 2-1
Раков - Зрињски 1-0
Рапид - Омонија 0-1