Хезоња го предводеше Реал до победа во шпанското дерби во Евролигата (ВИДЕО)

Кошаркарите на Реал Мадрид вечерва славеа победа од 94-87 против Басконија во шпанското дерби од Евролигата.

Басконија долго време беше рамноправен противник, а како клучен за „кралевите“ се покажа третиот период кој го добија со 29-21.

Се обиде Басконија да возврати во последниот период, меѓутоа Реал остана фокусиран и не дозволи пресврт. Предводник на победничкиот состав беше Марио Хезоња кој средбата ја заврши со 17 поени, пет повеќе од него постигна Маркус Хауард на спротивната страна.

На останатите средби Макаби беше подобар од Асвел со 92-84, Олимпија Милано славеше над Пантинаикос со 96-89, Валенсија ја продолжи кризата на Ефес со 94-82, одеека Жалгирз го победи Париз на гости со 108-105.