„Ножичките“ на Миовски не беа доволни за Ренџерс, Звезда победи во Грац, дебакл за Динамо (ВИДЕО)
Резултатот беше отворен во 27-та минута кога Миовски на маестрален начин усспеа да ја погоди противничката мрежа.
Bojan Miovski amazing goal
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 11, 2025
Europa League | 🇪🇺 Ferencváros 0-1 Rangerspic.twitter.com/4vJJ8usqGa
Ференцварош до израмнување стигна во самата завршница од првиот дел кога Отвос израмни на 1-1.
Во второто полувреме се постигна еден гол и тој беше дело на Варга за конечни 2-1.
Важна победа вечерва запиша Црвена Звезда која во Австрија го доби Штурм со 1-0 и тоа за „црвено-белите“ беше трет-триујм во низа во Лигата на Европа.
Тежок пораз претрпе Динамо Загреб кој на свој терен беше декласиран од Бетис со 3-1. Уште во првото полувреме Шпанците го решија натпреварот постигнувајќи три гола преку Домингез, Рикеклме и Антони. Динамо во последните моменти од поразот само го ублажи поразот со погодокот на Галешиќ.
Динамо - Бетис 1-3
Ференцварош - Ренџерс 2-1
Лудогорец - ПАОК 3-3
Мјитиланд - Генк 1-0
Ница - Брага 0-1
Штурм - Звезда 0-1
Штутгарт - Макаби Тел Авив 4-1
Утретехт - Нотингем 1-2
Јанг Бојс - Лил 1-0