Навивачите на Баерн имале генијален план - намерно добиле казна од УЕФА!

Екипата на Баерн Минхен доби казна од УЕФА за пиротехничкото шоу кое го направија навивачите против Спортинг, но изгледа дека тоа бил планиран потег на ултрасите на германскиот гигант.

На почетокот на второто полувреме на трибината каде што се најверните навивачи на Баерн беше изведено спектакуларно пиротехничко шоу.

Според пишувањето на „Билд“ ништо од таа ситуација не било случајно и навивачите го направиле тоа за да ја активираат условната казна добиена од УЕФА.

Во следниот натпревар Баерн игра против Ројал Унион и се очекув да нема проблеми, па поради тоа навивачите сакале сега да се „исчиситат“ и без потенцијална казна да влезат во нокаут фазата.