Струга во финишот го скрши Радовиш за трет триумф во сезоната
Неизвесно беше во текот на целиот натпревар, а на полувремето домаќините водеа со 11-10.
Играше одлично Радовиш се до финишот кога Струга искористи неколку грешки и го реши натпреварот во своја корист за трета победа во сезоната.
Најдобар на теренот кај победниците беше Наум Костов со седум постигнати погодоци.