Порака до младите фудбалери: Немојте да го гледате Меси, Роналдо нека ви биде идол!

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио даде свој коментар на „вечната дебата“ околу Роналдо и Меси, а според Италијанецот младите фудбалери треба да го следат Португалецот.

Роналдо и Меси имаат вкупно 13 „Златни топки“ и иако денес се во поодминати фудблски години, сепак немаат намера да застанат, Роналдо игра во Ал Наср, додека Меси е член на Интер Мајами каде што пред неколку дена го освои првиот трофеј со овој клуб.

Според Маркизио, Роналдо за сите деца е подобар пример од Меси.

„Следете го примерот на Кристијано Роналдо. Ако морате да пронајдете нешто во некого, следете го неговиот пример, не на Меси. Зошто? Ронало, иако веќе беше ѕвезда мораше уште повеќе да се изгради. Многу напорно работеше за да дојде таму каде што е денес, додека Меси беше блгословен со талент од Бог, речиси и да не требше да тренира“, смета Маркизио.

Маркизио во еден период од својата кариера и ја делеше соблекувалната со Роналдо во Јувентус.