Ѓорческа загуби од Мијазаки на стартот на турнирот во Трнава
Мијазаки направи брејк на стартот и поведе со 3-0, по што Ѓорческа возврати во петтиот гем и намали на 2-3. Сепак, македонската тенисерка во следниот повторно го загуби својот сервис и тоа го искористи нејзината противничка да слави со 6-3.
Голема борба се водеше во вториот сет сè до седмиот гем, кога Мијазаки успеа да ѝ го одземе сервисот на Ѓорческа, а потоа да го повтори истото во деветтиот гем за триумф од 6-3.