Челси поведе од „трета мајка“ - му помогна Кунде (ВИДЕО)
Два пати мрежата ја тресеше Енцо Фернандез, ама двата гола му беа поништени, прво поради игра со рака, а потоа поради офсајд. Откако домаќините не успеаја, на сцена стапи Жил Кунде кој со неверојатно несмасна реакција си постигна автогол и му овозможи на Челси да дојде до заслужено водство.
Кукуреља се проби од десната страна, нафрли по земја, ниеден негов соиграч не успеа да шутне, но тука беше Кунде да им помогне на домаќините.