Се таложат проблемите на Барса - цело второ полувреме ќе игра со фудбалер помалку (ВИДЕО)

Освен тоа што е тотално надиграна и губи со 0-1 по првото полувреме, Барселона влезе и во дополнителни проблеми на гостувањето кај Челси.

На истекот на основните 45 минути, „каталонците“ останаа со фудбалер помалку откако црвен картон, поради два жолти, доби капитенот Роналд Араухо. Уругваецот првпат „пожолте“ во 32. минута, а потоа грубо го собори Кукуреља и мораше да го напушти теренот.

Ако вечерва Барселона загуби, повторно одбранбените играчи ќе бидат виновници бидејќи прво Кунде си постигна автогол, а сега и Араухо повторно го остави тимот на цедило.