Контроверзен почеток на дербито на Стемфорд Бриџ - поништен гол на Челси (ВИДЕО)

Мрежата од голот на Барселона се затресе во четвртата минута од дуелот со Челси, но лондонскиот тим, сепак, не дојде во водство.

Енцо Фернандез го совлада Жоан Гарсија, ама неговиот гол беше поништен затоа што претходно Фофана играше со рака и на тој начин ја зеде топката. Помошниот судија веднаш реагираше и Славко Винчиќ не го призна голот.

Судиската одлука, иако исправна, ги потсети навивачите на Челси на фамозниот дуел против Барселона од 2009 година кога имаше низа грешки од арбитрите на штета на „сините“