Несторовски дал два гола со пукнато ребро: Стиснав заби, не е тоа ништо страшно!

Поранешниот македонски репрезентативец, Илија Несторовски блесна во победата против Славен Белупо (4-1) и беше избран во тимот на колото во хрватскиот шампионат, а уште поимпресивно е тоа што постигнал два гола со пукнато ребро.

Медиумите во Хрватска му се поклонија на издржливоста на Македонецот, кој ги издржал болките и успеал двапати да се запише во листата на стрелци, а детали од мечот откри во изјавата која им ја даде на новинарите.

„Ништо страшно, само ми напукна реброто по судирот со голманот. Стиснав заби, но тоа не е важно, можеби не требаше да го споменеме. Важно е тоа што победивме и освоивме три бодови“, кажа Несторовски.

Македонецот е задоволен од формата во која се наоѓа Славен Белупо и кажа дека се надева на уште добри резултати.

„Јага почна да дава голови, па си реков - доста е со асистенции, треба и јас да постигнам некој гол. Секако, се шегувам. Тргнавме агресивно и заслужено победивме. Ова ни е седми натпревар без пораз, играме добро, а со овие три бодови напредувавме и на табелата“, кажа македонскиот напаѓач.

Несторовски оваа сезона настапи на 11 меча во хрватскиот шампионат, а притоа постигна три голови и три асистенции.