Реал Мадрид по голема драма го урна лидерот во Евролигата
„Кралевите“ го отворија мечот за нијанса подобро од ривалот и ја добија првата четвртина со 22-18, по што Хапоел Тел Авив до полувреме успеа да намали на 36-39.
Драматично беше во третата четвртина, каде што на стартот Реал имаше водство до 52-50, по што Хапоел го сврте резултатот во своја корист (58-54).
Возбудливо беше и во последните 10 минути каде што се водеше битка до последните секунди од дуелот, а на крајот „кралевите“ триумфираа со 75-74.
Хезоња беше најефикасен кај Реал со 19 поени, шест скокови и две асистенции, додека Џонс запиша 14 поени и три асистенции за Хапоел.
Standings provided by Sofascore