Бенфика го покори Ајакс, Галатасарај шокиран од Унион Сент Жилоа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Бенфика остварија важна победа на гостувањето кај Ајакс со 2-0, додека Унион Сент Жилоа го шокира Галатасарај со 1-0 во петтото коло од главната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Бенфика по шест минути поведе со голот на Самуел Дал, по што Ајакс имаше две одлични шанси кои не ги искористи и резултатот не се менуваше сè до завршницата.

Леандро Бареиро беше стрелец на вториот погодока на Бенфика, и тоа на истекот на 90. минута од средбата со што ја запечати победата од 2-0.

Галатасарај и Унион Сент Жилоа одиграа возбудлив натпревар со многу шанси на двете страни, но само еден погодок кој беше дело на Промис Дејвис во 57. минута од натпреварот.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/Benfica