Дубаи губеше со 17 поени разлика, но се разбуди и го расплака Париз

Кошаркарите на Дубаи триумфираа со 90-89 против Париз во 13. коло од Евролигата, откако успеаја да се извлечат од тешка позиција и со неверојатен пресврт да му пресудат на ривалот.

Париз тргна моќно во мечот и ја доби првата четвртина со 32-17, а потоа разликата достигна и 17 поени. Дубаи почна да се буди во завршницата од првото полувреме кога ја стопи негативата и поведе со 46-45.

Гостите повторно заиграа подобро во третата четвртина и ја вратија предност од 10 поени разлика, но Дубаи во драматична завршница успеа да го урне Париз со 90-89.

Најефикасен кај Дубаи беше Рајт со 24 поени, пет скокови и четири асистенции, додека Вилис запиша 22 поени, седум скокови и една асистенција кај Париз.

Фото: Facebook/Dubai Basketball