Кејн знае што мора да направи за „Златната топка“: Џабе ми се и 100 гола

Напаѓачот на Баерн Минхен сезонава игра во страшна форма и веќе постигна 23 гола на 17 настапи од почетокот на сезоната, но е свесен дека за да ја освои „Златната топка“ мора да има и тимски успех.

Новинарите го запрашаа дали верува дека може да го освои престижното признание, а Кејн порача дека не би му вределе и 100 гола, ако изостане успехот со Баерн или репрезентацијата.

„Моам да ја освојам Лигата на шампоните или Светското првенство, во спротивно немам шанси, дури и да постигнам 100 гола“, изјави Кејн.

Но, Баерн сезонава исто така има одлични резултати и токму тие важат за едни од главните фаворити за трофејот во ЛШ, па така Кејн сигурно има на што да се надева.