Ѓоковиќ „избега“ во Грција, ама за Звезда се врати дома (ВИДЕО)
Најуспешниот тенисер во историјата дојде да ги бодри кошаркарите на Црвена Звезда против Монако. Познато е дека Ноле е голем навивач на црвено-белите и го користи секој слободен момент за да ги гледа натпреварите на тимот од Мали Калемегдан во живо.
Пред неколку месеци тој се пресели во Атина каде во повеќе наврати се појавуваше на кошаркарски натпревари, но за Звезда одлучи да се врати дома и да го бодри својот омилен тим.