Роналдо патосира противнички играч и доби црвен картон (ВИДЕО)
Така е и вечерва, Португалија има негатива од 0-2 на гостувањето кај Ирска, а последниот половина час од мечот ќе биде без својот капитен. При една мешаница во шеснаесетникот на Ирците, Роналдо удри со лакт еден домашен фудбалер. Судијата прво му покажа жолт картон, а откако ја прегледа снимката, го поништи и му покажа директен црвен.
Тоа значи дека за Роналдо е завршена оваа година на репрезентативен план бидејќи нема да игра в недела против Ерменија. Воедно, денешниот меч против Ирска е последен во кариерата за него во квалификации за Светско првенство.