Алкараз го победи Музети за полуфинале и прво место на крајот на годината

Со убедлив триумф против Лоренцо Музети, првиот светски рекет Карлос Алкараз обезбеди пласман во полуфиналето од завршниот АТП турнир што се одржува во Торино.

Во последното коло од групната фаза, Шпанецот славеше со 2-0 (6-4, 6-1) и ја продолжува борбата за трофејот кој недостасува во неговата колекција. Музети, кој на овој турнир влезе поради откажувањето на Новак Ѓоковиќ, немаше сили да пружи посилен отпор и го завршува својот настап во Торино, а со тоа и оваа сезона.

 

 

Со ова, Алкараз го обезбеди првото место на крајот од сезоната бидејќи направи недостижна предност пред Јаник Синер. Негова следна цел до крајот ќе биде да го освои трофејот во Торино што би бил прв во неговата кариера.

Во полуфиналето, Алкараз ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Зверев и Оже-Алијасим кои се среќаваат утре.

фото: EPA photo