Јанта Волеј го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите
Екипата од Кисела Вода и вторпат загуби од францускиот Ле Кане, сега на гостински терен, со 0-3 (6-25, 13-25, 13-25). Уште на првиот меч беше јасна разликата во квалитет на страната на Французинките, но за разлика од тој натпревар во Скопје, Јанта Волеј сега не успеа да освои сет.
Домаќинките имаа дури 12 аса, додека нашиот претставник не остави ниеден, а целиот натпревар траеше само 57 минути што доволно зборува за доминацијата на Ле Кане. Најефикасна во тимот на Јанта Волеј беше репрезентативката Мери Бшковска со седум поени.
Ова, сепак, не е крај на евро-сезоната за Јанта Волеј кој сега се сели во ЦЕВ Купот. Во следната фаза од ова натпреварување, македонскиот првак има двомеч со Младост од Загреб.