Англиска ТВ одби да повтори снимка од страшната повреда на Србинот Илиќ

Српскиот фудбалер од средниот ред Иван Илиќ беше принуден да го напушти теренот поради во првото полувреме од квалификацискиот натпревар против Англија поради сериозна повреда на коленото, откако незгодно падна.

Илиќ ја изгуби топката на работ од својот шеснаесетник, овозможувајќи му на Маркус Рашфорд да шутира, но го свитка коленото додека се обидуваше да го блокира. Веднаш се фати за ногата и се струполи на земја пред да повика помош од медицинскиот персонал на репрезентацијата. Откако сфати што се случило, Рашфорд исто така побара помош и провери дали Илиќ е добро.

Сепак, во тој случај изненади одлуката на телевизијата ITV која одби да прикаже репетиција од кобниот момент. Веројатно причина за тоа е сериозноста на повредата на Илиќ и сликите кои можеби беа престрашни за гледачи, но во секој случај, тоа беше максимално непрофесионално.

„Се осврнавме наназад и сметаме дека не е правилно да го повториме тој инцидент. Тоа е доста лоша повреда“, рече коментаторот Сем Матерфејс. 

Очекувано, Илиќ беше заменет од Александар Станковиќ само неколку минути пред полувремето.