Костадинов: Знаеме што нè чека во Кардиф, ќе бидеме максимално подготвени за Велс

Македонија немаше муниција против Летонија (0-0) во пријателскиот меч во Скопје, кој се одигра како тест пред големиот предизвик на нашите репрезентативци во Кардиф.

Тихомир Костадинов кажа дека не е задоволен од резултатот и очекувал победа, но имаше пофални зборови за голманот на Летонија.

„Имавме многу шанси, но голманот на Летонија беше на висина на задачата и имаше добри интервенции. Позитивно е тоа што не примивме гол, но не сме задоволни со нападот. Сите селекции веќе играат цврст и агресивен фудбал. Мислам дека Велс би можел да биде тим со уште поголема агресија, мора да бидеме подготвени на тоа и да се подготвуваме. Знаеме што нè очекува и за што играме, па ќе се потрудиме да бидеме максимално подготвени за тој дуел“, вели Костадинов.

Македонија му гостува на Велс во Кардиф на 18 ноември.