Осимен со големо промашување го загрози пласманот на Нигерија во финале на баражот (ВИДЕО)

Нигерија славеше со 4-1 по продолженија против Габон и обезбеди финале во баражот за пласман на Светското првенство (СП), но сè можеше да биде решено уште во регуларниот дел од мечот доколку Виктор Осимен немаше огромно промашување.

Осимен во последните секунди од судиското надополнување на второто полувреме излезе „еден на еден“ пред голманот на ривалот, но го промаши цел гол и со тоа му дозволи на Габон преку продолженија да го загрози пласманот на Нигерија во баражот.

Фудбалерите на Нигерија, сепак, не дозволија изненадување, па со три погодоци во продолженијата преку Ујеке и Осимен стигнаа до 4-1.