Стојчевски: Не сме задоволни од ремито со Летонија!
Стојчевски кажа дека во Кардиф сакаат да победат, а со тоа и да го обезбедат второто место во групата од квалификациите за СП.
„Има разочараност во екипата зашто не победивме денеска. Тоа е нормално затоа што секој меч одиме на триумф. Теренот е ист за двете репрезентации. Мислам дека во дефанзивата функциониравме добро, но ни требаше гол. Одиме во Велс за да покажеме што знаеме, да покажеме дека ништо не е случајно. Да победиме и да го обезбедиме второто место. Одиме на победа во Кардиф, се надевам на три бодови“, кажа Стојчевски.
Мечот меѓу Велс и Македонија се игра во Кардиф на 18 ноември.