Милевски: Жалам што мораме да играме на ваков терен, момците исполнија сè што побарав

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска ремизираше во пријателскиот натпревар со Летонија (0-0) кој беше последен на домашен терен за 2025 година.

Селекторот Благоја Милевски по натпреварот изрази задоволство велејќи дека фудбалерите исполниле се што било побарано од нив на теренот.

„Сето она што си го зададовме како цел за овој натпревар, го исполнивме. Тоа беше да испробаме нова тактика која ќе ја користиме во иднина и поради тоа мора да сум задоволен како фудбалерите ги одработија дадените задачи. Мораме да бидам задоволен затоа штто сите кои настапија денеска ја оправдаа довербата, тоа ми дава чувство на задоволство да можам да сметам на секого во индина на секоја позиција која што сум ја замислил. Сите 28 фудбалери во составот го даваат својот максимум, без разлика колку минути ќе поминат на теренот“, истакна Милевски.

Сепак, покажа и уште еднаш Милевски ги потенцираше лошите услови за игра на теренот на арената.

„Жал ми е што немавме подобри услови за игра, се надевам дека во иднина сите заедно ќе направиме напори за подобар терен бидејќи тој влијаеше и на нашата завршница Кога имате пред себе густ бедем, треба да имате одличен завршен пас, ние тој го немавме денеска, меѓутоа создадовме прилики за гол кој не усепавме да ги искористиме“; посочи селекторот.

За пет дена Македонија ја очекува натпреварот со Велс во кој ќе водиме битка за второто место во групата кое обезбедува подобра позиција во баражот за СП (ако Велс претходно не го победи Лихтенштајн со шест гола разлика)

„Натпреварот со Велс е важен, меѓутоа ако не беа важни и претходните, сега немаше да бидеме во ваква позиција, затоа се подготвуваме како и досега“, додаде Милевски.