Стојчевски: Не сме задоволни од ремито со Летонија!

Македонскиот репрезентативец Андреј Стојчевски по ремито против Летонија на Националната арена „Тодор Проески“ кажа дека постои разочараност во тимот зашто не победиле, но веќе се фокусираат на дуелот во Кардиф против Велс.

Стојчевски кажа дека во Кардиф сакаат да победат, а со тоа и да го обезбедат второто место во групата од квалификациите за СП.

„Има разочараност во екипата зашто не победивме денеска. Тоа е нормално затоа што секој меч одиме на триумф. Теренот е ист за двете репрезентации. Мислам дека во дефанзивата функциониравме добро, но ни требаше гол. Одиме во Велс за да покажеме што знаеме, да покажеме дека ништо не е случајно. Да победиме и да го обезбедиме второто место. Одиме на победа во Кардиф, се надевам на три бодови“, кажа Стојчевски.

Мечот меѓу Велс и Македонија се игра во Кардиф на 18 ноември.