Сорлот и Халанд со по два гола ја решија Естонија и ја носат Норвешка на СП 2026
Првото полувреме помина без погодоци на двете страни, но затоа Норвешка во вториот дел се разигра и во само 12 минути постигна дури четири голови.
Александер Сорлот стрелаше во 50. и 52. минута од мечот, додека Ерлинг Халанд погоди во 56. и 62. минута за предност од 4-0.
Естонија во продолжение успеа да стрела преку Роби Сарма за конечни 1-4 во седмото коло од квалификациите.
Норвешка има шест бодови повеќе и гол-разлика од +19 во однос на Италија, која има два меча помалку што значи дека речиси сигурно ќе обезбеди директен пласман на Мундијалот, освен ако не се случи чудо, па Италија во последните два дуели ја надополни негативата од 19 погодоци.
На останатите натпревари Унгарија ја совлада Ерменија со 1-0, додека Исланд беше подобар со 2-0 од Азербејџан.