Синер го преслуша Зверев за полуфинале во Торино

Јаник Синер запиша уште една победа на завршниот Мастерс во Торино откако вечерва со 2-0 во сетови беше подобар од Зверев. 

Првиот сет беше решен во десетиот гем кога Синер ја искористи третата сет топка и поведе со 1-0. Во продолжението, Италијанецот не го намали темпото и во шестиот гем од вториот сет направи брејк со кој дојде до 4-2, по што мирно ја задржа предноста за конечен триумф.

Ова е втор триумф за Синер на турнирот, со што се зацврсти на врвот на табелата со максимален ефект. Зверев останува втор со ист учинок како и Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, додека Американецот Бен Шелтон е единствен без победа.

Во последното коло, Синер ќе се сретне со Шелтон, а Зверев и Оже-Алиасим ќе влезат во директна битка за второто место што води во полуфинале.

Фото: EPA