Херојска игра и голем триумф на Пелистер над ПИК Сегед! (ФОТО)
Македонскиот шампион имаше отворање на мечот како што само можеше да посака, Митревски и Хеирдад блескаа во почетните минути и Пелистер поведе со 5-0, гостите првиот гол го постигнаа дури во десетата минута од средбата.
If nothing else works, just let your teammate fly! ✈️#ehfcl #CLM #handball #MOTW pic.twitter.com/VHUqqBpFTK
— EHF Champions League (@ehfcl) November 12, 2025
Одличната игра во одбраната на избраниците на Гарабаја продолжи и во продолжение, па ПИК Сегед кој беше и тоа како ефикасен во претходните средби во Битола по 30 минути беше задржан на само осум гола, пелистерци водеа со 11-8 на паузата.

Но, тогаш во второто полувреме како да немаа сили ракометарите на битолскиот клуб да продолжат со истото темпо во одбраната, дозволија Унгарците целосно да се вратат во натпреварот и првпат да поведат на средбата со 14-13.
Во продолжение гледавме голема борба, победникот се решаваше во последните десет минути, период кога во листата на стрелци се запиша и Митревски кој двапати погоди од „гол на гол“. Пелистер одново дојде до водство и тоа од два разлика (22-20). Сепак, тогаш следуваше нова серија на гостите од 3-0 со која поведоа со 23-20.

Драмата траеше буквално до последните секнди, Кузмановски изнуди пенал на десет секунди до крајот, а Радивојевиќ реализираше за големо славје во Битола и втора победа сезонава во ракометната елита. Мора да се истакне Пешевски кој беше одличен во клучните моменти, а средбата ја заврши со седум гола. Зад него следеше Кузмановски со четири, додека на спротивната страна Алустиза Гарсијандиа шест погоди.
За осум дена Пелистер го чека нов натпревар против ПИК Сегед, но на гостински терен во Унгарија.



Фото: Ѓорѓи Личовски/ЕПА