Газдите во македонскиот фудбал можат да прават што сакаат!
Претседаталот на синдикатот за заштита на македонски фудбалери, Панче Ќумбев истакна дека во Македонија не постојат регулативи кои би ги спречиле газдите да направат еден вид такво „харикири“ од одредени причини.
Но, тие како синдикат имаат можност да реагираат и да помогнат на фудбалерите, доколку тоа биде побарано од нив.
„Сопственици на клубовите немаат право да ги суспендираат фудбалерите, секако зависи од ситуацијата. Но, ние можеме да реагираме само доколку бидеме контактирани, досега никој нас нас не нѐ контактирал, се што знаеме е само од медиуми. Ако некој нѐ контактира, би можеле да помогнеме“, изјави Ќумбев.
Таков случај веќе имало и тоа неодамна кога во хаосот во Шкупи, неколку фудбалери се обратиле и биле испратени тужби.
„Неколку фудбалери на Шкупи нѐ контактираа и за таа ситуација веќе се испратени тужби“, истакна првиот човек на Синдикатот на фудбалерите.
Во Ѓорче речиси цел прв тим беше суспендиран пред натпреварот со Шкендија во кој сопствникот одлучи да излезе со младински состав на теренот, засилен со неколкумина странци. Оставки поради целиот хаос кој настана еден ден пред дуелот си поднесоа тренерот Бобан Грнчаров и спортскиот директор Александар Бајевски.
Доказ за хаотичната ситуација во клубот е чудното соопштение кое беше објавено само на англиски јазик (ТУКА) преку кое сопствениците се обидоа да ја објаснат ситуацијата велејќи дека одредена група на фудбалери прави раздор поради мало доцнење на платите кое настанало поради промената на сопствничката структура.
Сепак, информациите од другата страна се сосема спротивни од нивните тврдења...