Струмица со максимален пораз се враќа од Чешка, штипјани освоија сет во Норвшека

Македонскиот одбојкарски шампион Струмица запиша пораз во првиот натпревар ЦЕВ Купот на гостински терен во Чешка од екипата на Јихострој Чешке Будејовице со 0-3 во сетови. (18-25, 12-25, 24-26) 

Домаќините имаа контрола во првите два сета, додека третиот донесе нешто повеќе неизвесност, но чешкиот тим сепак успеа да ја потврди победата.

Во редовите на струмичани најмногу се истакна средниот блокер Филип Маџунков со 10 поени, следеше Јован Милев со девет, додека Владо Милев и Кристијан Илијев додадоа по шест поени.

Реваншот е закажан за 19 ноември во 19 часот во спортската сала „Парк“ во Струмица.

Нешто поблаг пораз забележа Штип УГД кој со 3-1 беше поразен од норвешкиот Кол Ил. Штипјани по голема борба го загубија првиот сет со 35-33, а потоа во вториот израмнија добивајќи го со 25-22, но сепак следните два им припаднаа на Норвжеаниите о 25-18 и 25-23.

За седум дена во Радовиш во салата „25 Мај“ македонскиот претставник ќе се обиде да ја надополни оваа негатива.