Oлимпијакос го најде лекот за Жалгирис, Литванците прегазени во Грција!
Победата домашните кошаркари ја најавија уште во првиот период кој го завршија со 14 поени предност (28-14).
Не се промени сликата ниту во вториот период, предноста на Олимпијакос растеше до највисоки до тој момент 22 поени (36-14). Сепак, во завршницата од полувремето гостите се вратија на „минус 14 (50-36).
Не дозволи Олимпијакос некаков чудесен пресврт во вториот дел, па така сигурно ја чуваше предност за на крајот да дојде до седмата победа сезонва, колку што има и Жалгирис за кого ова беше прв пораз по четири порази во низа.
Доресеј одигра одличен натпревар во кој постигна 30 поени, далеку зад н его беше Милутинов со 16, но српскиот кошаркар додаде уште осум скока и четири асистенција. За Жалгирис Франсиско уфрли 15.