Teшки обвинувања: Лапорта е лажго, Барса го има најголемиот долг во историјата на спортот!

Претседателскиот кандидат за Барселона, Хавиер Вилахуана ја обвини сегашната управа на клубот предводена од Жоан Лапорта за лажирање на финансиската ситуација во клубот.

Вилахуана повика на целосна транспарентност околу заминувањто на Меси во 2021 година, а според извештај кој успеал да го обезбеди самиот тој долгот на Барселона пораснал на рекордни 4.12 милијарди евра што фрла сомнеж околу приказните за економската стабилизација на Барселона.

За време на претставувањето на извештајот, Вилахуана остро го нападна начинот на кој администрацијата на Лапорта управува со финансиите и транспарентноста во клубот, обвинувајќи ја управата дека ја прикрива вистинската состојба на Барселона.

„Во овие четири години, Лапорта продаде речиси 900 милиони евра наследен имот. Без тоа наследство, акумулираните загуби веќе би ја надминале бројката од една милијарда евра, износ што е еднаков на вкупната вредност на актуелниот прв тим,“ изјави Вилахуана.

Тој додаде дека податоците откриваат многу полоша ситуација од онаа што претседателот јавно ја прикажува.

„Студијата открива манипулација со сметководството со цел да се прикаже опоравување што не одговара на реалната финансиска состојба на клубот. Вкупно повеќе од 380 милиони евра се прикажани во сметките без вистинска основа, што ја менува перцепцијата за долгот и резултатите. Овие операции не го намалуваат реалниот долг, тие само го кријат. Да се преправаме дека бројките се избалансирани не значи спасување на клубот, тоа е измама на клубот,“ порача Вилахуана.

Еден од најгласните и најконтроверзни делови од извештајот е тврдењето дека заминувањето на Лионел Меси можеби и не било само поради финансиски причини. Поранешниот директор остро го повика Лапорта и да ја каже вистината за заминувањето на аргентинската легенда.

„Се зборуваше дека заминувањето на Меси било финансиско прашање, дека клубот не можел да си го дозволи најдобриот фудбалер на светот. Но, ако причината навистина била финансиска, тогаш зошто денес не го гледам тука? Лапорта нека ни го каже вистинскиот мотив зошто Меси беше пуштен“, истакна Вилахуана.