Синер го преслуша Зверев за полуфинале во Торино
Првиот сет беше решен во десетиот гем кога Синер ја искористи третата сет топка и поведе со 1-0. Во продолжението, Италијанецот не го намали темпото и во шестиот гем од вториот сет направи брејк со кој дојде до 4-2, по што мирно ја задржа предноста за конечен триумф.
Ова е втор триумф за Синер на турнирот, со што се зацврсти на врвот на табелата со максимален ефект. Зверев останува втор со ист учинок како и Канаѓанецот Феликс Оже-Алиасим, додека Американецот Бен Шелтон е единствен без победа.
Во последното коло, Синер ќе се сретне со Шелтон, а Зверев и Оже-Алиасим ќе влезат во директна битка за второто место што води во полуфинале.
Фото: EPA