Фудбалерките ги дознаа противниците во квалификациите за Мундијалот во Бразил
Македонија квалификациите ги започува од Лига „Ц“ каде што има вкупно шест групи и натпреварите се закажани за март, април и јуни наредната година.
Противници на Македонија битката за место во баражите ќе бидат селекциите на Унгарија, Азербејџан и Андора.
Победниците од шесте групи во Лига Ц, како и двете најдобро рангирани второпласирани репрезентација, ќе имаат можност да обезбедат пласман на Светското првенство преку бараж натпревари со второ и трето пласираните селекции од Лига „А“.
Овие баражи ќе се играат во октомври и ноември 2026 година, по што ќе следат интерконтиненталните баражи во февруари 2027 година.