ТФТ несреќно загуби од Хелиос во АБА2-лигата
Хелиос подобро го отвори мечот и набрзо поведе со осум поени разлика (17-9), а ТФТ собра сили во финишот да ја стопи негативата и за момент да стигне до 23-21.
ТФТ заигра подобро во вторите 10 минути и во поголемиот дел од времето го имаше водството на својата страна за на паузата да замине со 41-36.
Возбудувањата продолжија и на стартот на второто полувреме, каде што Хелиос неколку пати успеа да направи пресврт, но ТФТ влезе во последната четвртина со предност од 65-61.
Голема борба се водеше и во финишот, каде што ТФТ успеа да израмни на 83-83 и беше блиску до продолженија, но Хелиос доби две слободни фрлања, по кои погоди едно од нив за да слави со 84-83.
Најефикасен кај ТФТ беше Говенс со 27 поени, додека Долничар постигна 27 поени за Хелиос.
Фото: ABA2