Нова навивачка трагедија во Грција: Фан на АЕК е избоден до смрт!

Смртоносниот инцидент се случил по фудбалскиот дерби меч меѓу АЕК и Олимпијакос кој се играл на 26. октомври во Пиреја, а тепачката не била на местото каде се играл натпреварот, туку на Халкидики.

Млади хулигани на Олимпијакос и АЕК се пресметале на Халкидики. Навивач на АЕК е избоден со нож од фан на Олимпијакос, подоцна им подлегнал на повредите.

Грчката полиција спроведува голема истрага за инцидентот кој ја потресе Грција и само уште еднаш го потенцираше проблемот со хулиганите во оваа земја.

Пред две години Грција беше во центарот на вниманието по сличен инцидент во Атина кога меч требаше да играат АЕК и Динамо Загреб. Тогаш смртно настрада навивачот Михалис Кацурис.

Фото: EPA