Јанта Волеј го загуби првиот меч од Ле Кане, а Работнички беше поразен од Рае СК
Јанта Волеј се соочи со голем отпор од одличната француска екипа која беше доминантна во првиот сет и славеше со 25-15, а продолжи во ист ритам и во вториот кој ѝ припадна со 25-10.
Македонскиот тим возврати во третиот сет, кога славеше со 25-20, но немаше сила за ново изненадување, откако Ле Кане се разигра и триумфира со 25-9 во четвртиот сет.
Работнички беше поразена во три сета од естонски Рае СК со 15-25, 24-26 и 18-25 во ЦЕВ Купот.