Шкендија остана без важен играч за европските натпревари!

Шкендија информира дека крилниот фудбалер, Ване Крстевски поради фрактура на клучната коска ќе го пропушти остатокот од есенскиот дел од сезона, неизвесно е кога ќе се врати на теренот.

Тетовскиот клуб информираше дека Ване Крстевски најмалку во аут ќе биде до крајот на есенскиот дел од сезоната, а веројатно ќе биде и подолго од тоа.

„Крилниот фудбалер Ване Крстевски заработи фрактура на клучната коска со дислокација, повреда која бара хирушка интервенција. Како резултат на тоа за Крстевски првиот дел од сезоната е завршен, а неговото враќање ќе зависи од фазата на рехабилитација“, стои во соопштението на Шкендија.

Тоа значи дека Кристевски нема да биде во комбинација за остатокот од натпреварите во лигашкиот дел од Конференциската лига.

Крстевски не беше стартер, но беше дел од првите две кола во Конференциската лига, на Шкендија сега ѝ е потребен широк ростер бидејќи игра на три фронта, па оваа повреда ќе биде удар за нив.