Ѓоковиќ му одржа лекција на Табило и обезбеди четвртфинале во Атина

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфинале на турнирот во Атина, откако го совлада Алехандро Табило со 2-0 во сетови, односно 7-6 и 6-1.

Ѓоковиќ водеше голема битка против Табило во првиот сет, па мораше преку тај-брејк со 7-3 да направи чекор напред кон победата.

Табило се распадна во вториот сет и освои само еден гем, додека Србинот доминираше и славеше со 6-1.

Србинот ја оствари првата победа против Табило, откако претходните два меѓусебни дуели ги загуби.

Фото: EPA