Наполи и Елмас освоија бод против Франкфурт, Арсенал со победа се враќа од Прага (ВИДЕО)
Наполи доминираше во првото полувреме и создаде дури осум шанси кон голот на германскиот тим, но ниту една не беше реализирана.
Во вториот дел следеше идентична игра од екипата од Неапол, но нападот на калчолигашот не беше расположен за голови, па на крајот двете екипи си поделија по еден бод.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го одигра цел натпревар за Наполи и имаше одлична шанса во 12. минута, но голманот на Франкфурт беше на висина на задачата.
Арсенал беше без Виктор Ѓокереш на гостувањето во Прага, но тоа не ги спречи „топчиите“ да постигнат дури три погодоци (3-0).
Букајо Сака од пенал го отвори резултатот во 32. минута, по што во второто полувреме двапати стрелаше Мерино.
Standings provided by Sofascore
Фото: Napoli FC