Македонија до 15 години го освои второто место на развојниот турнир во Албанија

Репрезентацијата на Македонија до 15 години славеше со 2-1 против Ерменија на последниот меч од развојниот турнир во Албанија и го освои второто место.

Македонија поведе со голот на Виган Таири во третата минута, додека Ариан Исаку во 52. минута го зголеми водството на 2-0, додека Ерменија во последната минута од мечот намали на 1-2.

Младите фудбалери предводени од селекторот Горан Станковски претходно славеше против Косово со 1-0, а загуби од Албанија со 0-1.

Репрезентацијата на Албанија до 15 години го освои првото место во групата, додека Македонија заврши втора со две триумфи.