Соиграч на Несторовски и Жута доби историски црвен картон - за само 74 секунди (ВИДЕО)

Екипите на Славен Белупо и Хајдук одиграа без голови во вчерашниот меч од 12. коло од хрватската елита, во кој на теренот од првата минута настапија и двајцата поранешни македонски репрезентативци, Леонард Жута и Илија Несторовски, кои ги одиграа сите 90 минути за домашниот состав.

Во отсуство на голови, највозбудливиот момент се случи во самиот финиш, кога резервистот Андрија Филиповиќ успеа да биде исклучен само 74 секунди откако стапна на терен. Буквално во првиот дуел влезе крајно невнимателно, со отворен ѓон, што му донесе директен црвен картон.

Хајдук со ова реми се искачи на првото место на табелата со минимална предност од еден бод пред Динамо Загреб, додека Славен Белупо останува на третата позиција со 17 освоени бода.